ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови во Локален младински совет на Општина Берово

Врз основа на член 16 став 1 и член 18 став 2 од Законот за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр.10/2020) и член 69-е од Статутот на Општина Берово (измена бр. 09-2659/1 од 23.07.2021 год.), Локалното собрание на млади на Општина Берово објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за избор на членови во Локален младински совет на Општина Берово

Локалното собрание на млади во Општина Берово објавува Јавен повик за избор на членови во Локален младински совет на Општина Берово.

На повикот можат да се пријават членови од: Младински организации, Организации за млади, Политички подмладоци, Ученички организации и Студентски организации и други облици на Младинско здружување.

Критериуми:

-Да имаат активности на подрачјето на Општина Берово;

-Да се основани и активни најмалку 1 година пред отварањето на овој повик;

-Делегатот/ката да се жители на Општина Берово и да се на возраст од 15 до 29 години.

Потребна документација

-Унифицицирана пријава;

-Мотивациско писмо од организацијата за учество во Локалниот совет на млади, но не повеќе од една страница;

-Извештај за работата, со која се потврдува дека организацијата била активна и има спроведено активности со млади и за млади во Општина Берово;

-Кратка програма и визија за сопственото учество во Советот (овој дел ќе биде составен дел од унифицираната пријава).

*Доколку организацијата номинира кандидат за член на Локалниот младински совет на Општина Берово кој е веќе член на Локалното собрание на млади на Општина Берово, во прилог на апликацијата не мора да поднесе мотивационо писмо, Извештај со наведени активности и програма.

Рок на пријавување:

Повикот е активен со објавување на официјалната страна на Општина Берово и трае до 18.12 2023 година

Начин на пријавување:

Сите заинтересирани можат да ги достават потребните документи до Архивата на Општина Берово со назнака: ”Апликација за членство во Локален совет на млади на Општина Берово” или во електронска форма на е-маил адресата: [email protected] –  со истата назнака во предметот на е-маилот.

ПРЕВЗЕМИ ПРИЈАВА

Повеќе информации на телефонскоит број 033/471-057

Апликациите ќе бидат разгледани од страна на тричлената Верификациона комисија која ќе ги покани апликантите пред членовите на Локалното собрание на млади да ги образложат свиоте пријави.

Бр.15-4648/1

06.12.2023 Берово

Општина Берово

Локално собрание на млади

Претседавач

Никита Дујовски

Горе