Буџетската транспарентност на источниот регион со најголемо подобрување на просечниот индекс, Берово со 16 од 16 индексни поени

📣Оваа година Источниот како и Североисточен регион бележи најголемо подобрување на просечниот индекс на буџетска транспарентност споредено со истиот период лани. Општините од овој регион годинава во просек се најтранспарентни на регионално ниво споредено со општините од другите плански региони со 12,7 од можни максимални 16 индексни поени.
🌐Општина Берово, Општина Зрновци, Општина Виница, Општина Делчево и Општина Кочани се партнер општини на Проектот@ Strengthening Resource Mobilization Activity- North Macedonia од втората група.
🤝Проектот им помага на партнер општините во унапредување на транспарентноста и отчетноста во процесите на прибирање, трошење и контрола на сопствените ресурси, со цел ефикасна испорака на услугите до своите граѓани. УСАИД ги поддржува напорите на земјата во намалување на корупцијата и зголемување на ефективноста и транспарентноста на локалните власти.
👉 Повеќе информации: cea.org
Горе