Врз основа на член 10 став 1 алинеја 1 и член 11, а во врска со член 18 став 3 од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Берово бр. 09-4039/1 од 15.12.2020 година и Одлуката за подигање на спомен обележје на четворицата загинати бранители од Општина Берово, во воениот конфликт во 2001 година бр. 09-4060/1 од 15.12.2020 година, Одборот за подигање на спомен – обележje на четворицата загинати бранители од општина Берово во воениот конфликт во 2001 година формиран со Одлука на Совет на Општина Берово со Бр.09-4061/1 од 15.12.2020 година, на ден 20.01.2021 година објавува:
Ј А В Е Н К О Н К У Р С
за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје на четворицата бранители, кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година
ОПИС И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата (Сл. весник на РМ бр.66/04, 89/08 и 152/15), Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја во Општина Берово бр. 09-4039/1 од 15.12.2020 година и Одлуката за подигање на спомен обележје на четворицата загинати бранители од Општина Берово, во воениот конфликт во 2001 година бр. 09-4060/1 од 15.12.2020 година, Одборот за подигање на спомен – обележje на четворицата загинати бранители од општина Берово во воениот конфликт во 2001 година формиран со Одлука на Совет на Општина Берово со Бр.09-4061/1 од 15.12.2020 година распишува ЈАВЕН КОНКУРС за изработка на идеен проект, за подигање на спомен обележје на четворицата бранители, кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година
За подигање на спомен обележјето Советот на Општина Берово има донесено Одлука Бр.09-4060/1 од 15.12.2020 година за подигање спомен-обележје на четворицата бранители (Зоран Бубевски, Николчо Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски) од општина Берово кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година.
Спомен обележјето ќе се подигне во паркот кај Основен суд Берово, на катастерска парцела број 2144 КО Берово.
Идејниот проект треба да содржи:
- опис на видот и содржината на спомен- обележјето (податоци за настаните и личностите и објаснување за нивното значење);
- основни елементи за текстот што би бил истакнат на спомен- обележјето;
- порака што треба да ја симболизира споменикот или спомен – обележјето;
- потребна документација и прилози што треба да ги содржи идејниот проект, како проектна документација;
- пресметковна вредност на спомен- обележјето.
Право на учество имаат домашни и странски физички и правни лица.
НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Учесниците на конкурсот се пријавуваат под шифра.
Учесниците на конкурсот до Архивата на Општина Берово, треба да поднесат Пријава со прилог Идеен Прокет најдоцна до 19.2.2021 година во затворен плик.
Во затворениот плик треба да стои мал затворен плик во кој ќе биде напишана повторно истата шифра како на пријавата и податоци за подносителот на пријавата.
Пријавите со Прокетот треба да се достават во писмена форма, на следната адреса:
Општина Берово, ул.„Димитар Влахов“ бр. 10, 2330 Берово,
со назнака: “Не отварај” За Јавниот КОНКУРС за изработка на идеен проект за подигање на спомен обележје на четворицата бранители, кои загинаа во воениот конфликт во 2001 година.
Идејниот проект треба да биде погоден за излагање и изведба.
Идејните проекти ќе бидат јавно изложени.
Одборот со мнозинство гласови го избира идејниот проект за спомен – обележјето што ќе се подигне.
Одбор за подигање на спомен- обележје
Претседател
м-р Биљана Марковска