Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Берово, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 18.06.2024 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
За “крајни корисници” за користење на услуги од проектот“Можност за социјална инклузија”
Се повикуваат сите заитересирани граѓани од следните категории:
- стари, осамени и изнемоштени лица, хронични болни лица, кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, Проект “Можност за социјална инклузија” како “крајни корисници” односно да бидат корисници на услуга – организирана посета од страна на обучени лица за помош и нега во домашни услови, да поднесат Пријава за крајни корисници .
Работните активности кои се предвидени со проектот “Можност за социјална инклузија” предвидуваат социјална заштита и вклученост на стари/изнемоштени лица односно лицата кои се во ризик, стари и сами лица, лица со тешка здравствена состојба за кои нема кој да се грижи, да ги посетуваат патролни работници кои ќе бидат постојано во контакт за секојдневно следење на нивната здравствена и социјална состојба и поддршка на нивните секојдневни активности.
Истите предвидуваат но не ограничуваат:
- Услуги од основен пакет на медицинска заштита (мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и др.)
- Консултации со матичен доктор и набавка на лекови на дневна основа
- Помош при движење и заеднички прошетки
- Набавка на продукти за исхрана и други потреби во домаќинството
- Приготвување на топол оброк/напиток
- Поддршка во одржување на хигиената во домот на крајниот корисник
- Вршење на поситни работи во домаќинството (миење садови, внесување дрва за огрев и сл.)
- Плаќање на сметки
- Достава на храна
Крајните корисници (или во нивно име друго лице) Пријава за учествово проектот “Можност за социјална инклузија” можат да поднесат во Општина Берово, (кај лицето Даница Пиличовска, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа) најдоцна до 26.06.2024 година.
Изборот на пријавените кандидати – крајни корисници ќе биде извршен во консултации со матичните доктори и претставници од МТСП, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи – Берово, АВРСМ ЦВ Берово и Општинска Комиси за следење на проектот.
Проектот “Можност за социјална инклузија” ќе се имплементира на територија во општина Берово за грижа и нега односно лицата кои се во ризик во времетраење од 9 месеци.
Детални информации за Јавниот повик можат да се добијат во Општина Берово кај лицето Даница Пиличовска, Општински координатор за Програмата Општинско-корисна работа на тел.033 471 057 и моб.076 454 616 и на интернет адреса: www.berovo.gov.mk.
Општина Берово
Градоначалник
Звонко Пекевски