Се известуваат жителите на Општина Берово, дека во рамки на Програмата за социјална заштита за 2024 година, на Општина Берово, предвидена е мерка 10.000,00 денари за семејствата на лицата со попреченост , како еднократен паричен надоместок.
Целта на оваа мерка е да се помогне на овие семејства, да можат да покријат дел од трошоците и да биде придонес во семејниот буџет .
Сите членови во општеството се важни а понекогаш, некому малку, навистина значи.
Грижата за сите во локалната заедница е важен фактор во севкупниот развој на истата.