Изградена пешачко велосипедска патека, спој на ул. ,,Кочо Рацин” и ул.,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово

Во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици, заврши изградбата на пешачко велосипедска патека, спој на ул. ,,Кочо Рацин” и ул.,,Дедо Иљо Малешевски” во Берово.
Со изградба на патеката, во должина од околу 40 метри и широчина 2,5 метри и бетонски скали, се урбанизира еден доста руиниран дел од Берово, а жителите кои живеат во овој дел од градот, добиваат олеснет пристап до центарот .
Ќе се зголеми безбедноста на пешаците и ќе се овозможат поквалитетни услови на жителите од овој дел, за нивните секојдневни активности.
292.993,00 денари за реализација на овој проект, се обезбедени од Буџетот на општина Берово за 2025 година.
Горе