Изградена пешачка патека, спој на улица ,,Борис Кидрич” и ,,Димитар Влахов”

Во рамките на Програмата за изградба на локални улици и патишта, заврши реконструкцијата на пешачка патека, спој на улица ,,Борис Кидрич” и ,,Димитар Влахов”.

Изградена е патека со 136 м2 бехатон плочки, во должина од 55 метри  а странично уреден е канал за одводнување.

Оваа патека е многу важна за жителите, затоа што е често користена како премин за пристап и значително ќе го олесни пристапот на жителите од овој дел на градот, до институциите и до централното градско подрачје.

За реконструкција на пешачката патека, спој на улица ,,Борис Кидрич” и ,,Димитар Влахов”, од Буџетот на Општина Берово, ќе бидат потрошени 255.513,00 денари.

Горе