По којзнае кој пат, темелно е исчистена депонијата за градежен отпад во близина на Берово, кај м.в. Црвен Брег, која често е предмет за несовесно расфрлање на отпад, за што секако најголем виновник е човечкиот фактор.
Апелот за чиста животна средина, да се почитува работата на работниците, а на идните генерации да им предадеме чиста и здрава животна средина, секојдневно не изостанува, меѓутоа за жал сè уште сме сведоци на секојдневно несовесно однесување.
Затоа почитувани сограѓани, службите секојдневно ја вршат својата работа, а Вие размислете добро пред да го фрлите отпадот онаму, каде што не му е местото.