Започна реализацијата на проект за реконструкција на улици во Двориште

Напишано од Administrator Печати
14
Окт
2020

Во с. Двориште се започна со реализацијата на проектот ,,Реконструкција на улици во с. Двориштe- Општина Берово" како еден капитален проект од огромно значење за селото.

Главната цел на овој проект е да се подобри моменталната состојба на патната инфраструктура во село Двориште, преку надградба на четири краци, во должина од околу 2.900m.

Проектните активности опфаќаат механичко сечење на асфалт со длабочина од 15cm, гребење на асфалт и расчистување на постојни цевководи, ископ на дренажен ров и монтирање на дренажен цевковод, поставување слој на тампон, поставување на битуменски слој и набивање на сите слоеви на асфалт.

Проектот е финансиран од страна на Светска Банка преку Министерство за Транспорт и врски.

За сите прашања во врска со самиот проект и проектните активности сите заинтересирани можат да се консултираат со Координаторот на проектот од страна на Општина Берово:

Елен Качулачка

Моб: 071/302-664

Тел: 033/471-057 локал 114

Емаил: [email protected]