БИОФРАФИЈА

Напишано од Administrator Печати
01
Мар
2019

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Звонко Пекевски, е роден на 16.02.1974 година во Кочани. Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на Виша електро техничка школа во Битола и на Економски факултет во Прилеп.

Има долгогодишно работно искуство во Општина Берово, како Раководител на одделение за финансии, буџет, општински имот и администрирање на даноци и добро ги познава не само финансирањето на општината, туку сите сфери од општинското работење.

Има искуство во организирање на обуки и вршење на дисеминација на знаење и искуство од јавните финансии и долги години работи како овластен проценител од областа на недвижниот имот во општината.

Звонко Пекевски е семеен човек, сопруг и татко на две деца.

Уште од млад е доста активен во политичкиот и општествениот живот во општината.

На локалните избори во октомври 2017 година, е избран за Градоначалник на Општина Берово.

 

LAST_UPDATED2