Насловна Актуелно Вести Одржан иницијален состанок за придвижување на состојбите за отварање на граничниот премин Клепало

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Одржан иницијален состанок за придвижување на состојбите за отварање на граничниот премин Клепало

 

Денес, во салата за состаноци на Општина Берово, претставници од Министерството за локална самоуправа, Управникот на Царинска управа Штип, Градоначалникот на општина Берово и претставници од локалната самоуправа, е одржан иницијален состанок за придвижување на работите за отварање на граничниот премин Клепало.

 

Се работи за проект од Програмата за прекугранична соработка, INTEREG IPA Бугарија-Македонија, која што има компонента, за стратешко одобрување, за финансирање на проекти од национален интерес во пограничниот регион, во кој идеално се вклопува проектот за реконструкција на постоечките објекти на граничниот премин Клепало.

Разговарано е со сериозен пристап и план со динамика на реализација, изготвен е нацрт документ, кој е доставен до Европската комисија на прифаќање и разгледување.

Во меѓувреме, како што е заклучено на состанокот, потребно е да се формира комисија од страна на Владата на Република Северна Македонија, со членови од сите инволвирани страни и секој да превземе обврска да се започне со придвижување на работите кон отварање на граничниот премин.

Отварањето на граничниот премин Клепало е децениски сон на граѓаните на општина Берово и ќе направиме се, за истиот да биде отворен. Истото е од големо значење за Берово, ќе се овозможи подобра комуникација, на граѓаните од двете страни на границата, размена на идеи, развој на економијата и туризмот и можност за нови вработувања и подобрување на социо-економската положба на граѓаните-истакна Пекевски.

После состанокот, сите присутни, се упатија кон граничниот премин Клепало, за увид на состојбата на лице место.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии