Насловна Актуелно Вести Наскоро ќе се врати сјајот на беровскиот кеј

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Наскоро ќе се врати сјајот на беровскиот кеј

Кејот на река Брегалница, во Берово, наскоро ќе блесне со сиот свој сјај, одново изграден, со заштитна ограда, целосно осветлен и ќе го врати сјајот на можеби најпосетеното место, каде што беровчани, од најмал до најстар,  бележат голем број спомени.

 

Започна изградбата на пешачка патека и заштитна ограда покрај река Брегалница, санација на кејските ѕидови и осветлување, на потегот од поранешниот хотел Македонија, до спојот со мостот на ул. ,,Велко Влаховиќ”.

Градежните работи се дел од имплементацијата на проектот ,,Заштита на жителите, долж две реки", кој Општина Берово го спроведува во партнерство со Општина Струмјани од Република Бугатрија, финансиран од Програмата Интеррег ИПА прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Вредноста на договорот изнесува 172.072,00 евра, а изведбата на градежните активности е предвидена да биде завршена за неколку месеци.

Проект CB006.2.12.120 "Заштита на жителите од една планина долж две реки".

Проектот е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија - Северна Македонија  Програма 2014-2020, CCI 2014TC16I5CB006.

Оваа публикација е издадена со асистенција на Европската Унија  преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија -Северна Mакедонија, Програма 2014-2020,- CCI No 2014TC16I5CB006.

Содржината на оваа публикација е во целосна одговорност на Општина Берово и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.


ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии