Насловна Актуелно Вести Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски упати апел до граѓаните, за почитување на мерките и одговорно однесување, во услови на епидемија од КОВИД-19

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски упати апел до граѓаните, за почитување на мерките и одговорно однесување, во услови на епидемија од КОВИД-19

Почитувани сограѓани,

Во овие вонредни околности, кога помалку или повеќе, сите сме опседнати, со глобалната пандемија од КОВИД-19, за секој од нас, ништо не е поважно, од нашето здравје.

 

 

Во ова мое обраќање, сакам најпрво, да Ве информирам, дека според релевантен извор на стручната епидемолошка служба, на територијата на општина Берово, нема ниту едно лице, позитивно на КОВИД-19. Во моментот има 62 лица, кои се во самоизолација, и засега, ниту едно од лицата нема пројавено некакви симптоми на вирусот.

Како општина, спроведуваме повеќе мерки, за заштита на јавното здравје и постојано сме во координација со институциите, превземајќи повеќе активности како превенција од оваа глобална појава.

Работата на институциите, во интерес на јавното здравје, ќе продолжи и во периодот што следи, со единствена цел, да се заштитиме и да не дозволиме заради слабости и неодговорност, да се бориме со овој голем предизвик.

Од огромно значење е сериозно да ја сфатиме нашата благосостојба и затоа е потребно, секој од нас, да ги почитува мерките на Владата на РСМ, да покажеме високо ниво на самосвест, солидарност во заедницата и колективна одговорност.

Посебно апелирам, за почитување на мерката за забрана на собирање во групи, немојте да се групирате, останете во вашите домови и одржувајте лична хигиена.

Во маркет, аптека, банка, пошта и на други места, каде што имате потреба од одредена услуга, внимавајте да го запазувате редот, на растојание од два метри.

Исто така, во овие тешки моменти, многу е важно, да не се создава непотребна паника и да не се шират непотврдени и неверодостојни информации, кои влијаат врз менталното здравје на населението  и создаваат чувство на несигурност, страв, паника, непотребно и дополнително.

Лицата со одредени хронични заболувања, се во поголем ризик од компликации. До нив апелирам, да бидат особено внимателни и да ги следат доследно сите препораки за заштита од вирусот.

Уште еднаш, упатувам јасна порака: останете дома, почитувајте ги мерките на Владата на РСМ, излегувајте само за неопходни работи и превземете ги сите мерки за заштита.

Успехот, во оваа борба, кога и како ќе се справиме со предизвикот наречен КОВИД-19, зависи од секој од нас.

МЕРКИТЕ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ!

ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ!

Ваш Градоначалник,

Звонко Пекевски

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии