Насловна Актуелно Вести Француска асоцијација ќе донира медицинска и компјутерска опрема во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Француска асоцијација ќе донира медицинска и компјутерска опрема во Берово

На особена чест и задоволство, денеска, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во својот кабинет, оствари работна средба со француска делегација, предводена од Претседателот на асоцијација АЛМА, Jacques Schleef,  од Алзас, која е потенцијален донатор на различен вид медицинска и компјутерска опрема и медицински помагала за потребите на Општина Берово.

На средбата, тие разговараа за приоритетите на Општина Берово, за актуелни проекти, за продлабочување на меѓународна соработка и посебно за проблемите со кои се соочуваат здравствените работници.

Притоа, како посебен приоритет е истакнато набавката на мемограф, кој е многу потребен за вршење на превентивни прегледи, во Здравниот дом во Берово.

Претставникот на Здружение АЛМА, истакна дека во текот на месец април, годинава, од нивна страна ќе бидат донирани повеќе медицински кревети и душези, медицински фотељи и колички и различен друг вид на месицинска и компјутерска опрема, а по искажаните приоритети, ќе се потрудат да обезбедат и дополнителна опрема.

Градоначалникот Пекевски им се заблагодари за посетата и за искажаниот интерес за соработка,  истакнувајќи дека се надева дека соработката во иднина ќе биде продлабочена и ќе допре и други стратешки интереси, за развој на општина Берово.

На средбата, исто така стана збор и за можностите за проширување на соработката и во други области, како размена на ученици и воспоставување на сорботка на полето на културата, во чии рамки беше посетено и ООУ,,Дедо Иљо Малешевски", каде што оваа асоцијација планира да донира книги.

Во знак на воспоставената соработка, Градоначалникот Пекевски и Претседателот Schleef,  разменија пригодни подароци.

Во рамките на посетата, француската делегација заедно со Градоначалникот Пекевски, ги посетија општинската јавна установа за социјална заштита ,,Д-р. Иван Влашки", каде што ќе биде користена дел од донираната опрема и Здравниот дом во Берово, каде се сретнаа со раководителите на овие установи.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии