Насловна Актуелно Вести Калта од улицата ,,Прохор Пчињски" во Берово, заменета со бехатон плочки

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Калта од улицата ,,Прохор Пчињски" во Берово, заменета со бехатон плочки

Во работна посета на Берово денес, присуствуваа Министерот без ресор Музафер Бајрам и пратеникот Самка Ибраимовски, кои направија увид на реализираната прва фаза, од изградбата на улицата ,,Прохор Пчињски" во Берово, каде претежно живее население од ромска националност.  Средствата за изградба на оваа улица, како што изјави минитсерот Бајрам, се од кабинетот преку Министерството за транспорт и врски и истите се во висина од околу 3 милиони денари.

 

Се надевам дека министерството ќе продолжи  со заложбата за Берово и ќе ги решаваме проблемите на граѓаните од овој дел на градот, како што можете да забележите пристапноста на жителите од оваа улица е олеснета, а општината ќе се стреми да реализира и втората фаза, при што ќе имаме еден целокупен проект- истакна Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски.

-Како што може да видите, има разлика во однос на улицата од пред една година, многу е подобрен пристапот на жителите кои нема веќе да газат кал. За оваа година како министерство, располагаме со 40 милиони денари и се надеваме дека и другите улици ќе ги направиме, истакна Бајрам.

За доизградба на улицата „Прохор Пчињски“ како што истакна пратеникот Самка Ибраимовски е предвидена и втора фаза.

-Со ребалансот на буџетот очекувам зголемување на овие средства на 40 милиони денари, со што очекувам дел од нив, да бидат искористени и за втората фаза од доизградбата на оваа улица. Ова секако е резултат на добрата соработка помеќу министерството и општините и се надевам дека беровчани се задоволни од овие наши залагања, за реализација на проекти во делот на инфраструктурата, додаде Ибраимовски.

Како што истакна претставникот од РОМАКТЕД, Ферди Исмаили, преку оваа програма жителите од истата улица во текот на 2020 година, ќе добијат и соодветна водоводна инфраструктура, што претставува решавање на децениски проблем за жителите од оваа населба.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии