Насловна Актуелно Вести Се реализираат активностите на Огранок ПСК ,,СОСНА" Берово , со финансика поддршка од Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Се реализираат активностите на Огранок ПСК ,,СОСНА" Берово , со финансика поддршка од Општина Берово

 

Се реализираат активностите на Здруженијата на граѓани, кои добија финансиска поддршка од Општина Берово, по распишаниот јавен повик, за финансирање на НВО во 2019 година.

ПСК ГОЛАК Делчево - Огранок ПСК СОСНА Берово, во рамките на своите активности изврши мапирање на планинарска патека, до самиот врв Огражденец, кој се наоѓа на 1746 метри надморска височина и кој е највисок врв на планината Огражден, на територијата на Општина Берово, како и GPS запис, со сите карактеристични точки и поставување на интернет.

 

Исто така во рамките на своите активности, извршено е уредување на планинарска патека, расчистување на патеката од гранки и поставување на соодветна маркација, поставени се патокази и инфо-табла.

Како завршна активност, огранокот ПСК СОСНА Берово, го одржа и традиционалниот марш по патеката до врвот Огражден, на кој присуствуваа 30 планинари од регионот.

Оваа патека е одбележана според сите законски прописи и Правилникот за планинарски патеки на ФПСМ и Агенција за промоција и подршка на туризмот, која што ја збогатува туристичката понуда за Берово и регионот.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии