Насловна Актуелно Вести Делегација од Општина Берово на размена на добри искуства и практики во Белгија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Делегација од Општина Берово на размена на добри искуства и практики во Белгија

 

Делегација од Општина Берово, предводена од Градоначалникот Звонко Пекевски, деновиве учествува на Четвртата меѓународна конференција, во рамките на Програмата ,,Европа за граѓаните”, која се одржува во Белгија, во организација на Европската асоцијација за локална демократија ALDA .

 

Конференцијата е вистински предизвик за претставници од осум европски држави, кои низ различни интерактивни активности, разменуваат искуства за културното наследство , паметни културни села, важноста на социјалните иновации за целите на културното наследство.

Притоа се согледани различи стратегии и различен пристап во стратешкото планирање на европско и локално ниво и се слушнати добри практики во Европа, во развој на руралниот туризам.

На конференцијата учествуваат претставници од седум партнерски организации и општини од Македонија, Шпанија, Хрватска, Бугарија, Белгија, Португалија и Латвија.

Низ презентации, различни интерактивни активности, панел дискусии, се разменувани искуствата помеѓу државите за предизвиците во туризмот во Европа и европското културно богатство и воспоставуваење на партнерска соработка меѓу европските држави.

EUsave мрежата, е дел од планот за Европа со граѓаните, се реализира во период од две години и има за цел трасирање на транснационална стратегија за развој на туризмот, за што средства се обезбедени од COSME програмата на ЕУ.

Следна меѓународна конференција, каде што Општина Берово ќе земе учество, ќе се реализира во текот на месец март, во Португалија.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии