Насловна Актуелно Вести Преку форуми во заедницата до подобрени комунални услуги во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Преку форуми во заедницата до подобрени комунални услуги во Берово

 

Набавка на приклучно возило за чистење на канализациона мрежа е прворангираниот проект на завршната форумска сесија од програмата ,, Форуми во заедницата”, која што Општина Берово, ги реализира, со цел граѓаните да земат активно учество во развојот на заедницата, на локално ниво и да учествуваат во креирањето на Буџетот на општината за 2020 година.

 

Присутните ги поздравија модераторите Биљана Марковска и Биљана Каламадевска, беше усвоен записникот од првата форумска сесија и презентирани се заклучоците од работната група за застапување и следење на форумските предлози од првата сесија.

Секоја работна група имаше можност, преку свој претставник да каже зошто е важно да се избере предложениот проект.

Со мнозинство,од присутните околу 150 претставниции на двете форумските сесии, одлучено е во 2020 година да се подобруваат комуналните услуги за граѓаните, со набавка на приклучно возило за чистење на канализациона мрежа.

Како што истакна Директорот на ЈПКР,,Услуга”- Берово, Илија Рунтевски, оваа возило ќе го зајакне капацитетот на јавното комунално претпријатие, граѓаните ќе имаат побрз и подобар јавен сервис за комунални услуги, а тоа дирекно ќе влијае во подобрување на квалитетот за живот во заедницата.

Суштината на форумскиот процес е да се развие учество на жителите и воопшто јавноста, да го препознае процесот на донесување одлуки, важни за заедницата и активно да учествува во него.

Форумскиот процес, Општина Берово го затвори повикувајќи ги граѓаните следната година помасовно да учествуваат во форумските сесии .

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии