Насловна Актуелно Вести Ја продлабочуваме меѓународната соработка со Република Словенија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Ја продлабочуваме меѓународната соработка со Република Словенија

 

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска во својот кабинет, оствари средба со Игор Велов- Државен Советник и Советник во Општина Крањ- Република Словенија, кој е во работна посета во Малешевијата, на покана од  ЛАГ ,,Малеш-Пијанец.

Соработката  започна пред неколку месеци, кога во работна посета на Словенија, беше Градоначалникот Пекевски, каде начелно беше разговарано за поддршка во делот на противпожарна заштита.

Како што истакна Државниот Советник Велов, посетата ја искористил, да оствари средба со Градоначалникот на Општина Берово, за да се интензивира соработката .

Целта на средбата беше, размена на знаења и искуство, особено во делот на туризамот, развој на локално акционите групи, комуналната инфраструктура и противпожарна заштита, за што беше разговарано, во кој дел со одредена донација или странски инвестиции, Република Словенија може да помогне за унапредување на општественото живеење во Општина Берово.

Во делегацијата од Република Словенија, беше и Драган Шибанц, сопственик на компанија ,,ПСД од Словенија, кој сподели интересни приказни и искуства за сорботка на полето на земјоделството.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии