Насловна Актуелно Вести Успешно реализирана првата форумска сесија во Општина Берово, младите најкреативни во давањето предлози

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Успешно реализирана првата форумска сесија во Општина Берово, младите најкреативни во давањето предлози

 

Во Бизнис инкубаторот во Берово, вчера, се одржа првата форумска сесија, која Општина Берово ја организира со цел граѓаните да се вклучат во креирањето на Буџетот на Општина Берово, со своите предлози и идеи.

 

Вкупно околу 70 учесници, од различни целни групи, масовно учествуваа, давајќи свои предлози за тоа што сметаат дека е приоритет, во 2020 година, да се реализира во Берово.

Пред присутните се обрати Градоначалникот на Општина Берово, кој посака успешна и плодна работа на форумскиот процес и реализирање на проектотот за кој граѓаните ќе одлучат дека е најмногу приоритетен .

Формирани беа 7 работни групи: образование и култура, млади и спорт, инфраструктура и комунални дејности , бизнис и туризам, општинска администрација и совет, животна средина и заштита од пожари и социјална заштита, кои ги координираше оперативната група од Општина Берово.

Младите од ОСУ,,Ацо Русковскиод Берово, беа најактивни во давањето на предлози. Изградба на мултифункционално игралиште, изградба на киносала, формирање на спортски клуб, замена на постоечки табли за кош кај комплексот стара гимназија, обезбедување на подобри услови за играорците, реконструкција на тоалетите во ОСУ,,Ацо Русковски” , поставување на клупи во училишниот хол, се проблемите кои младите сметаат дека треба да бидат решени .

Од сите работна група произлегоа по неколку предлози, а во втората форумска сесија низ компромис, граѓаните ќе одлучат кои од проектите ќе се реализираат.

Во периодот измеѓу двете сесии, формирана е работна група за застапување и следење на форумските предлози, која ќе биде во координација со општинската администрација , да се види дали предлозите се реално остварливи , дали се надлежност на општината и дали се исполнети сите услови од аспект на решени имотно правни односи и слично за реализирање на проектот.

Форумот во заедницата е алатка за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво, што започна да се применува во 2006 година во Република Северна Македонија, по иницијатива на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Оваа алатка служи општината да развие транспарентни практики на одлучување со вклучување на граѓаните, но и граѓаните да развијат чувство на одговорност за трошењето на општинските средства.

Целта на програмата „Форуми во заедницата“, е граѓаните да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво а администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии