Насловна Актуелно Вести ТЕМЕЛНО ИСЧИСТЕНА ДЕПОНИЈАТА ЗА ГРАДЕЖЕН ОТПАД ВО БЕРОВО, АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: ПОМОГНИ ЗА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ПОЧНИ ОД СЕБЕ!

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ТЕМЕЛНО ИСЧИСТЕНА ДЕПОНИЈАТА ЗА ГРАДЕЖЕН ОТПАД ВО БЕРОВО, АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: ПОМОГНИ ЗА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ПОЧНИ ОД СЕБЕ!

 

Општина Берово, во соработка со одговорниот граѓанин Панче Таковски од с. Владимирово, темелно ја исчисти депонијата за градежен отпад во близината на Берово, м.в Црвен Брег, како и теренот околу истата.

Депонијата за градежен отпад во Берово, често е предмет на несовесно расфрлање на отпад , а факт е дека самите сме виновни за нечистотијата, но факт е и дека самите ги снесуваме последиците од истата.

Чиста животна средина, е апел кој секојдневно се упатува почнувајќи од екологистите, преку институциите, но најмногу од граѓаните што имаат развиена свест за заштита на природата и просторот, но за жал несовесното фрлање на комунален отпад, сеуште е присутно во големи размери.

Помогнете, колку што можете за чиста животна средина, започнете од себе, семејството и вашите блиски. Почитувајте ја искрената работа на работниците и општествено одговорните физички лица, за сите да си ја зачуваме животната средина и да ја исполниме обврската и одговорноста, на нашите деца да им обезбедиме чиста и здрава животна средина.

Ве повикуваме, сите граѓани, кога сте сведоци на несовесно уништување на животната средина, веднаш делото да го пријавите до надлежните служби при Општина Берово, со цел да може навремено да се реагира и превентивно и со санкции. Притоа може да ни испратите фотографии од сторителите или било какви документирани информации, кои ќе послужат за ефикасно реагирање и соодветна казна за сторителот.

Исто така Ве известуваме дека со цел да се подигне јавната свест, Општина Берово , во периодот што следи, ќе ги зајакне контролните механизми и ќе биде немилосрдна кон примената на казнените мерки.

Затоа, почитувани сограѓани размислете добро пред да го фрлите ѓубрето, онамму каде што не му е местото.

Берово не заслужува да биде загадено.

Берово и Малешевијата е еколошки чист крај, со прекрасна и недопрена природа, каде што природата истурила еден куп благодети и не смеееме да дозволиме да му го одземеме епитетот-ЕКОЛОШКИ ЧИСТ РЕГИОН.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии