Насловна Актуелно Вести Со пријателски спортски игри во Берово се заокружени активностите од ,,Европската недела на спортот”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Со пријателски спортски игри во Берово се заокружени активностите од ,,Европската недела на спортот”

 

Под мотото ,,Се дружиме, се забавуваме и стекнуваме здрави навики, денеска во Берово, низ пријателски натпревари во фудбал, ракомет, пинг понг и трчање на атлетска патека од 50 метри, се заокружени активностите за одбележување на ,,Европската недела на спортот.

Во игрите беа вклучени околу 100 тина учесници, од двете основни училишта од Берово и од с. Русиново, од локалниот пингпонгарски клуб и штитениците од Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост.

Поддршката на ,,Европска недела на спортот, на локално ниво, ќе ни овозможи квалитетни активности, кои создаваат вредности и одржливи резултати, кои ќе продолжат да се применуваат и во иднина.

Општина Берово, години наназад е верен поддржувач на овие активности, чија цел е преку игра, дружба и забава, да стекнуваме здрави навики, да ги поттикнеме најмладите да спортуваат и да градиме здрави идни генерации.

,,Организацијата и одржувањето на вакви и слични настани, ќе овозможи јакнење на спортскиот дух во општината, стекнување  навики на здрав живот и Општина Берово секогаш ќе се труди да ги унапредува ваквите активности”- истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Во рамките на одбележување на ,,Европската недела на спортот", Општина Берово изминатиот период имаше повеќе успешни активности меѓу кои: дефиле со велосипеди и штафетни игри за првоодделенците од двете основни училишта.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии