Насловна Актуелно Вести Покана за саемот на традиционални производи “Малешевијата на дланка“ 2019

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Покана за саемот на традиционални производи “Малешевијата на дланка“ 2019

 

Почитувани,

Чест и задоволство ни е да Ве известиме дека и оваа година во периодот од 23 до 27 август, под покровителство и организација на Општина Берово ќе се одржи:

Етно Плоштад Фестивал

 

Реномиран музички фестивал и саем за зачувување на културното наследство.

На петдневната концертна фестивалска програма ќе настапат балканската музичка звезда Џенан Лончаревиќ, Влатко Стефановски, Горан Алачки, Етно Малеш, Синтезис, 2 БОНА, Влатко Лозановски, Бени и НОНСТОП, Ефто Пупиновски, Штекици, ДЈ Сене, Ескејп Бенд, Кико и Столе, Ангел и Иван, КУД,,Димитар Беровски,, и други.

Во рамки на фестивалот се одржува и саемот на традиционални локални производи „Малешевијата на дланка“.

На овој саем ја продолжуваме малешевската традиција, изложувајќи ги на штандови, ракотворбите изработени од вештите раце на малешевската домаќинка, и надалеку познатите малешевски специјалитети, шумски плодови и лековити билки.

Општина Берово Ве поканува, доколку сте заинтересирани за претставување и промоција на локалните производи, во прилог на поттикнување на локалниот економиски развој и туристичката понуда, да земете учество на оваа манифестација.

Пријавувањето за учество на саемот е до 16 август 2019 година со пополнување на пријава.

ПРЕЗЕМИ ПРИЈАВА ТУКА

Телефон за контакт: +389 33 471 057

Лица за контакт:

Биљана Марковска Моб.071/384-771

Биљана Каламадевска Моб.071/580-899

Зоран Нешкевски Моб.071 626 649

e-mail:[email protected]

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии