Насловна Актуелно Вести ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ИЗВЕШТАЈ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ И ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ПРОЕКТ “РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р1304, ДЕЛНИЦА БЕРОВО-ВИНИЦА”

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ИЗВЕШТАЈ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ И ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА ЗА ПРОЕКТ “РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р1304, ДЕЛНИЦА БЕРОВО-ВИНИЦА”

Јавното претпријатие за државни патишта ја известува засегнатата јавност дека планира да реализира Проект за Рехабилитација на регионален пат 1304, делница Берово-Виница во должина од 10 км.

Финансирањето на овој проект е обезбедено со средства од меѓународни финансиски институции (Светска Банка), според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, во фазата на подготовка на Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки, потребно е да се организира јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата.

Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина е достапен на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општината Берово како и на официјалната веб страница на ЈП за државни патишта www.roads.org.mk .

Јавната консултација за Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти ,План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки за наведените проекти, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти ќе се одржи во:

Општинa Берово на 18.06.2019 година (вторник) со почеток во 13.30 часот во просториите на општина Берово.

 

Преземи Извештај за оцена на животната средина и социјалните аспекти

Преземи ОБРАЗЕЦ ЗА ЖАЛБА

 

Лица за контакт:

Јавно претпријатие за државни патишта

Сашка Богданова Ајцева

Тел: 02/3118 044 лок.305

E-mail: saska@roads.org.mk

Општина Берово

Ванчо Димовски

Моб: 071327065

E-mail: [email protected]

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии