Насловна Актуелно Вести Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, упати честитка по повод 20-ти мај, Денот на пожарникарите

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, упати честитка по повод 20-ти мај, Денот на пожарникарите

 

Денот на пожарникарите, 20-ти мај, беше повод, Градоначалникот на Општина Берово, да ја посети дежурната служба на Територијалната противпожарна единица во Берово.

Со искрени честитки, по повод Денот на пожарникарите, тој им се заблагодари за храброста, пожртвуваноста и секојдневното залагање во заштитата од пожари, и посака уште подобри резултати во иднина.

Во изминатата година, на територијата на Општина Берово и Пехчево, регистрирани се вкупно 99 интртвенции, , од кои 70 % се регистрирани како шумски пожари. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција биле спречени поглеми катастрофи.

Територијалната противпожарна единица од Берово брои вкупно 13 пожарникари и според Законот за пожарникарство, дејствува на територииите на соседните општини Берово и Пехчево. Располага со вкупно 3 противпожарни возила, едно теренско возило и две автоцистерни.

По повод Денот на пожарникарите, во периодот што следи, ќе биде одржана вежба со учениците од ООУ ,,Никола Петров Русински с. Русиново.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии