Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Соопштение

 

Врз основа на член 35 став 3 и член 46 став 9 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14....168/18) а согласно Програмата за изработка на урбанистички планови за 2019 година на подрачјето на општина Берово, со бр.09-3930/1 на ден 30.11.2018 донесена од Советот на Општина Берово, Градоначалникот на Општина Берово, го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За спроведување и организирање на

ЈАВНА АНКЕТА и ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

по Предлог: ЛУПД за Е2 - комунална супраструктура - градби

за производство на енергија на КП 3300 и КП 3301,

КО Берово, вон-град, Општина Берово

 

Јавната анкета по Предлог: ЛУПД за Е2 - комунална супраструктура - градби за производство на енергија на КП 3300 и КП 3301, КО Берово, вон-град, Општина Берово, надвор од опфатот на Деталниот урбанистички план на Берово, кој опфаќа простор со површина од 1,15 Ха, утврдена од Советот на Општина Берово, од следните катастарски парцели: КП 3300 и КП 3301, КО Берово, вон-град. со излагање на Предлог планот на огласна табла во просториите на Општина Берово, ќе се спроведе во рок од 5 (пет) работни дена почнувајќи од 28.05.2019 год. заклучно со 03.06.2019 год, секој работен ден од 7,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатени со планот, можат да доставуваат забелешки во електронска форма преку информацискиот систем Е-урбанизам или во писмена форма на анкетни листови кои можат да се добијат во просториите на Општина Берово, соба бр. 45 во Одделението за урбанизам.

Во истиот рок забелешки од заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатени со планот можат да се достават и во електронска форма преку информацискиот систем Е- Урбанизам.

Јавната презентација ќе се одржи на ден 30.05.2019 година, (четврток) во 12,00 часот во просториите на Општина Берово – Мала сала.

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии