Насловна Актуелно Вести Традиционалното матурско дефиле, го разубави плоштадот во Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Традиционалното матурско дефиле, го разубави плоштадот во Берово

И оваа година, матурантите од ОСУ,,Ацо Русковски од Берово, пред своите родители, пријатели и граѓаните на општина Берово, ја покажаа својата убавина и посебност на традиционалното дефиле, кое секоја година го организира Општина Берово.

 

Пред големата маса од народ, кои дојдоа на плоштадот ,,Димитар Беровски’’ да ги испратат на прославата на матурска вечер, матурантите низ посебен стил и шарм ја покажаа својата грациозност, танцувајки на украсениот плоштад, кој личеше на вистинска младинска бајка.

Честитки за матурантите упати Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој им посака, успешно да ја поминат престојната државна матура и да бидат академски граѓани на Општина Берово, донесувајќи просперитет за локалната заедница и за општеството.

Со искрени желби за светла и успешна иднина на матурантите им се обратија и  Директорот на ОСУ,,Ацо Русковски, Сашко Корчовски и Градоначалникот на Општина Пехчево, Драги Тренчевски.

Неизоставен дел од матурското дефиле беше, огнометот, кој придружен со дијамантските балони и звуците од Виенските валцери, дадоа вистинско светло за почеток на прославата на матурската вечер за овогодинешните матуранти.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии