Насловна Актуелно Вести Средба на беровскиот Градоначалник со Амбасадорот на Република Бугарија

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Средба на беровскиот Градоначалник со Амбасадорот на Република Бугарија

 

Се продлабочува соработката со  Република Бугарија.

Општествената и културно- стопанската соработка, помеѓу Општина Берово и амбасадата на Република Бугарија, беа тема на вчерашната средба, на Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.

Во рамките на посетата, разговарано е на повеќе теми, поврзани со Берово, неговиот стопански, културен и пред се туристички потенцијал, за идните повици за аплицирање на проекти и за воспоставување на прекугранична соработка, во случај на кризи.

 

Од страна на Градоначалникот, посочени се повеќе проблеми со кои се соочува општината, а кои би можеле да се решат со поддршка од донатор.

Во наредниот период, ќе се интензивира соработката меѓу бугарската амбасада и општина Берово, во правец на заеднички иницијативи, за културно- стопанска соработка, унапредување на образовниот процес, како и подобрување на условите за најмалите.

Амбасадорот Ангелов, посочи дека во блиска иднина ќе го посети Берово, со цел да ги согледа можностите за соработка во повеќе области.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии