Насловна Актуелно Вести Градоначалникот оствари прием на средоншколците кои посетија образовен форум во Варна

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот оствари прием на средоншколците кои посетија образовен форум во Варна

Градоначалникот на Општина Берово, оствари средба со учениците од ОСУ,,Ацо Русковски од Берово, кои неодамна имаа прилика да посетат образовен форум во Варна, Република Бугарија на тема ,, Иновации, прогрес и дигитален свет.

Патувањето, како и самата организација на форумот, финансиски е поддржано од Фондацијата,, Бугарска памет од Бугарија, а во него учествуваа над 200 ученици од Македонија, Молдавија, Украина, Бугарија. Србија и Албанија.

 

Во рамките на активностите за унапредување на образовниот процес, група од 6 ученици,  посетија образовен форум, кој им овозможи да се стекнат со нови знаења  и содржини, поврзани со дигиталното претприемништво, виртуелната реалност, 3 Д програмирање, создавање на видео содржини, финансирање на сопствен проект и слично.

Учениците истакнаа голема благодарност до Градоначалникот, што им овозможи присуство на таков форум, кој како што истакнаа значи многу за нив и им дава силна мотивација да размислуваат за иднината.

Во рамките на форумот, најголем впечаток за нив, оставила видео презентацијата за тоа, како технологијата го менува животот.

 

Градоначалникот истакна дека локалната самоуправа ќе се залага за унапредување на образовниот процес, преку посета на различни семинари, форуми, работилници и слично.

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии