Насловна Актуелно Вести Берово го одбележува Меѓународниот ден на Ромите

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Берово го одбележува Меѓународниот ден на Ромите

 

Со свечена академија, во Бизнис инкубаторот во Берово, денеска е одбележан 8-ми април, Светскиот ден на Ромите.

Свој настап, имаа децата од детската градинка ,,23 Август , ученикот Харис Чиндаров од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски , средношколците од ОСУ,,Ацо Русковскиод Берово и членовите од КУД,,Димитар Беровски” од Берово.

Свое обраќање на академијата, имаше Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој честитајќи им го денот на сите припадници од ромска националност, го исткна значењето на културните вредности и специфики на Ромската заедница.

,,Ромите, како интегрален дел од нашето општество, се рамноправни со останатите граѓани и ги уживаат придобивките, да го негуваат својот јазик, да ги развиваат својата култура и традиции, и активно да се вклучуваат во сите сфери од општествениот живот”-рече тој во своето обраќање.

На присутните им се обрати и Пратеничката Јагода Шахпаска, која им го честита денот на Ромите и ја истакна заложбата на државата, кон се поголема подршка на ромската популација и кон унапредување на меѓуетничката соработка.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии