Насловна Актуелно Вести Се збогатува туристичката понуда, во Берово, во пресрет на туристичката сезона

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Се збогатува туристичката понуда, во Берово, во пресрет на туристичката сезона

 

Во рамките на проектот „Oдржливо управување со природните ресурси во микро регионот Пијанец-Малеш-втора фаза“ Општина Берово во партнерство со општините Пехчево, Делчево, Центарот за развој на источно плански регион и Фармахем , спроведува активности за подобрување на турустичката понуда во микро регионот Пијанец-Малеш.

 

Во согласност со овие активности во регионот, поставени се букви со имињата на градовите направени од дрво кои се во функција на туристичка понуда, рамки за фотографирање, информативни табли и патокази.

Во рамките на истиот проект, ќе се отворат туристичко информативни центри, ќе се отпечатат промотивни материјали, а во тек е и подобрување на ВЕБ страната prirodapijanecmales.mk.

Проектните активности се реализираат преку Програмата за зачувување на природата во Македонија, со финансиска поддршка на Швајцарската конфедерација, преку Швајцарската агенција за соработка и развој.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии