Насловна Актуелно Вести Средношколците од истокот во посета на европската престолнина Брисел

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Средношколците од истокот во посета на европската престолнина Брисел

 

Градоначалниците од истокот ги градат врските на континуирано усовршување и модернизирање на образованието и прифаќање на европски принципи на работа.

Средношколци од Општина Берово, заедно со Делегација од Општина Делчево и Средношколци од Делчево, Виница и Македонска Каменица деновиве престојуваат во посета на европската престолнина Брисел и Европскиот парламент.

 

Во рамките на организираната посета, тие остварија средби со Манфред Вебер, кандидат на Европската народна партија за претседател на Европската комисија и европратеникот од пратеничката група ЕНП/ГЕРБ, Андреј Ковачев.

Главниот акцент во рамките на посетата е ставен на отворањето поголема перспектива на младите, кои својата иднина треба да продолжат да ја градат низ европски принципи.

Триесетината средношколци во рамките на престојот во Брисел, се запознаат со историјатот на создавањето на ЕУ, начинот на работа на Европскиот парламент и донесувањето одлуки, го посетија Музејот кој се наоѓа во склоп на Европскиот парламент а посетија и повеќе знаменитости на европската престолнина.

Оваа посета се реализира на покана од потпретседателот на Европската народна партија и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и на иницијатива на делчевецот Венци Димитровски, а патувањето е финансиски поддржано од Фондацијата ,,Българска Памет’’ од Софија на д-р Милен Врбевски со кого имаа заедничко дружење.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии