Насловна Актуелно Вести Закажана 17-тата Седница на Совет на Општина Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Закажана 17-тата Седница на Совет на Општина Берово

 

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002),член 44 став 2 од Статутот на Општина Берово („Сл.гласник на Општина Берово“ бр.13/02,18/07, 30/08 и 20/10) и член 57 став 1 алинеа 1 од Деловникот за работа на Советот на Општина Берово („Службен гласник на Општина Берово“ бр.18/07), Претседателот на Советот на Општина Берово донесе:

 

Р Е Ш Е Н И Е

Ја свикувам 17-тата (седумнаесетата) седница на Советот на Општина Берово на ден 12.02.2019 година (вторник), со почеток во 10 (десет) часот со следниот:

Д н е в е н  р е д:

1. Усвојување на Записник од 16-та Седница на Совет на Општина Берово;

2. Квартален извештај за извршувањето на буџетот за Општина Берово за извештајниот период (кумулативно) за четврт квартал 2018 година од 01.01.2018 година до 31.12.2018 година;

3. Квартален извештај за достасани ненамирени обврски Образец К2 за  четврт квартал 2018 година од 01.01.2018 година до 31.12.2018 година;

4. Квартален извештај за промените на состојбата на секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините Образец К3 за за  четврт квартал 2018 година од 01.01.2018 година до 31.12.2018 година;

5. Предлог ОДЛУКА за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници во Општина Берово 2019 година;

6. Заклучок за исправка на техничка грешка во Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски;

7. Заклучок за исправка на техничка грешка во вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски;

8. Одлука за прераспределба на средства во Буџетот на Општина Берово за 2019 година;

9. П Р А В И Л Н И К за критериумите, постапката и реализација на трансфери по поднесени барања за еднократна парична помош на физички лица;

10. Измена на П Р О Г Р А М А   -  J4 за одржување на јавна чистота на подрачјето на Општина Берово за 2019 година;

11. Измена на П Р О Г Р А М А   -   J7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина;

12. Измена и Дополнувања на Програмата за други комунални услуги , третман на кучината скитници и други нерегистрирани кучиња за 2019 година;

13. Измени и дополнувања на Планот за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Берово (2019 – 2021 година);

14. Предлог О Д Л У К А за прифаќање на иницијативата за отпочнување на постапка за изработка на Локална Урбанистичка Планска Документација за локалитет Филтер Станица во Берово;

15. Годишна Програма на Општина Берово за поставување на урбана опрема за 2019 година;

16. Годишен план за воспоставување на еднакви можности на жените и мажите за 2019 година;

17. Предлог О Д Л У К А за критериумите и постапката за распределба на средстава за финансирање на активности на здруженија на граѓани и фондациии од  Буџетот на Општина Берово за 2019 година;

18. Правилник за доделување на парични награди, јубилејни награди и признанија на вработените во Општина Берово;

19. О Д Л У К А за избор на член во Советот на Општина Берово кој одлучува во случај на конфликт на интереси на Градоначалникот;

20. Полугодишен извештај за работа на ООУ ,,Никола Петров Русински’’ Берово за 2019 година;

21. Годишен извештај за 2018 година за работата на ОЈУСЗСЛ Д-р.Иван Влашки Берово;

22. Измени и дополнување на Годишен план за вработување за 2019 година на ОЈУСЗСЛ Д-р.Иван Влашки Берово;

23. Извештај за работата на Домот на културата ,,Димитар Беровски’’- Берово за 2018 година;

24. Дополнување на Годишен план за вработување за 2019 година на Домот на културата ,,Димитар Беровски’’- Берово ;

25. Предлог- Годишна програма за работа на Домот на културата ,,Димитар Беровски’’- Берово за 2019 година;

26. Барања од институции и граѓани;

27. Советнички иницијативи и прашања

Совет на Општина Берово

Претседател

Јован Матеничарски

 

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии