Насловна Актуелно Вести Општина Берово со европски пари ќе реализира проект ,,Реконструкција на речното корито на река Брегалница’’ во градот Берово

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Општина Берово со европски пари ќе реализира проект ,,Реконструкција на речното корито на река Брегалница’’ во градот Берово

 

На вториот повик од Interreg ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Бугарија, одобрени се финансиски средства на Општина Берово за реализација на проект ,,Реконструкција на речното корито на река Брегалница’’ во градот Берово.

 

На Шестата седница на Заедничкиот комитет за следење на Interreg - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија, кофинансирана од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ, која што се одржа во Берово е истакната листата на проекти одобрени за финансирање, од страна на Заедничкиот комитет за следење, во која е одобрен и проектот со кој аплицира Општина Струмјани, чии проект партнер е Општина Берово.

Проектот предвидува изведба на градежни и монтажерски работи за подобрување на текот на река Брегалница во Берово, на потегот од хотел Македонија до мостот кај Ветеринарна станица во Берово.

Со реализацијата на овој проект ќе се подобри превенцијата од природни и вештачки катастрофи а коритото на реката Брегалница ќе добие модерен и урбан изглед.

Со ова Градоначалникот на Општина Берово уште еднаш покажува дека се грижи за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери од општественото живеење а посебно за зачувување на животната средина.

,,Општина Берово е една од ретките општини со големо искуство во реализација на европски проекти, па така овој проект ќе биде 5 ти по ред кој ќе го реализира со европски пари''-истакна Градоначалникот Пекевски.

 

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии