Насловна Актуелно Вести Градоначалникот засади дрво во збратимената општина Струмјани

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Градоначалникот засади дрво во збратимената општина Струмјани

Од организацијата Ден на дрвото изјавија дека -оваа средба е најава за големата акција која треба да се случува оваа есен, од кога ќе почнат да се засадуваат дрва на целиот Балкан, со што акцијата Ден на дрвото ќе добие меѓународни димензии.

За Денот на дрвото Градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински ја посети збратимената општина од Р. Бугарија-Струмјани, се со цел наша делегација да биде дел од акцијата „Ден на дрвото“, која од оваа година станува балканска акциja.

Градоначалникот Наџински посетата ја искористи да се сретне со првите луѓе на Општина Струмјани, со нејзиниот градоначалник Валентин Челиков и воедно да земе учество на нивната акција за засадување дрво.

Симболично, првите дрвца беа засадени во паркот на селото Микрово, а потоа се продолжи со пошумување на пограничниот појас Р. Македонија-Р. Бугарија и на крајот се засадени садници  на македонската страна од границата. “ Дрвото е  симбол на мирот, на пријателството, а наша цел е тоа да се продлабочува-изјави градоначалникот по неговата посета на Струмјани. Многу ни е мило што имаме вакви соседи, збратимени општини, како Општина Струмјани, се надевам дека не само овој ден, туку и на сите полиња ќе се соединуваме и соработуваме. Тоа е наш заеднички интерес. Тоа е просперитетот на пограничните општини-соработка и заеднички настапи-истакна градоначалникот Наџински.

Во општина Струмјани од Р. Македонија за Денот на дрвото, покрај Градоначалникот на Општина Берово отпатуваа и градоначалниците на општините Босилово, Василево и Ново село.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии