Насловна Актуелно Вести Среќни велигденски празници

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Среќни велигденски празници

Општина Берово на сите граѓани на Берово и сите негови посетители им посакува пријани мигови и празнично расположение  за време  на Велигденските празници и ги поздравува со големиот христијански поздрав  Христос Воскресе. Воедно ги поканува да земат учество  на традиционалниот натпревар за избор на најубаво декорирано и најцврсто јајце.

Богата културно-уметничка програма и  натпревар во избор на најцврсто и најубаво декорирано јајце организира општина Берово за големиот православен  празник-Христовото воскресение-Велигден. За традиционалниот велигденски натпревар , Градоначалникот доделува награди за најубавото декорирано јајце  и најцврстото (качорот) кои ќе ја земат првата награда од 3.000ден. Втората награда за декорирано јаце изнесува 2.000денари, а третата  1.000денари.  Средствата се обезбедени од Буџетот на општина  Берово. Натпреварот ќе се одржи во центарот на градот  на плоштадот  „Димитар Беровски“  во 12 часот. Се очекува Берово за време на празниците да го посетат повеќе туристи и посетители, за што веќе се спремни и резервирани туристичките капацитети.  Убавото време и 4-дневните празнувања  ќе го направат Берово вистински град на туристички предизвик. Во разговорот со некои од почестите посетители на Берово дали и оваа година ќе се одлучат празнувањето да го поминат во градот на кислородот, тие ни одговорија дека  Берово за велигденските празници е нивна  традиционална дестинација, едноставно тука се одмараат и ги поминуват најрелаксирано празниците.

 

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии