Насловна Актуелно Вести Одбележан Денот на дрвото

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Одбележан Денот на дрвото

Сончевото и топло  време , меката земја и влагата во почвата добредојдени за акцијата ден на дрвото.

На територијата на Општина Берово, поточно на месноста Конар, граѓаните на Берово организирано, со автобуси пристигнаа на предвидената локација и засадија околу  13 илјади садници. „Секој човек треба да има обврска и одговорност за нашата иднина, за нас, за нашите деца и внуци

- вака размислуваа граѓаните кои со ентузијазам зедоа учество на акцијта„Засади ја својата иднина“ давајќи и масовност и одзив на истата. „Денес сите сме во голема мера загрижени за животната средина и за климатските промени, затоа се што можеме да направиме за да ја заштитиме, животната средина е масовно да земаме учество на овој ден, кој го прогласивме и за неработен, како би му ја дале сета заслужена почит и важност-рече градоначалникот на општина Берово Драги Наџински.

И средношколците  и ученици од Основните училишта се одзваа  во голем број и  засадија борови дрвца. „Познати ни се правилата за садење на садниците. И досега сме се одзивале масовно на овие акции. Мислиме дека тоа ќе остане традиција во Македонија, која ќе ја следат и другите држави. Еден ден ќе се гордееме со сегашната работа-изјавија децата.

Денот на дрвото од оваа пролет стана  балкански ден, бидејќи дрвца засега симболично  се садија и во земјите од регионот. Граѓанската акција, Денот на дрвото се одржува секоја есен и секоја пролет. Ова е петти пат по ред.

Во акцијата денеска се вклучија и пограничните општини.

Градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински – во симбол на пријателство со збратимените  општини, Ден на дрвото го искористи за посета на збратимената општина Струмјани и даде свој придонес за нивната акција „Ден на дрвото“. Дрвото е  симбол на мирот, на пријателството, а наша цел е тоа да се продлабочува-изјави градоначалникот по неговата посета на Струмјани. Многу ни е мило што имаме вакви соседи, збратимени општини, како Општина Струмјани, се надевам дека не само овој ден, туку и на сите полиња ќе се соединуваме и соработуваме. Тоа е наш заеднички интерес. Тоа е просперитетот на пограничните општини-соработка и заеднички настапи-истакна градоначалникот Наџински.

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии