Насловна Актуелно Вести Велосипедската патека во источниот регион тргнува од Беровско езеро

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

 

Велосипедската патека во источниот регион тргнува од Беровско езеро

Македонија ќе биде во обединета Европа преку Патеката на железната завеса, која за прв пат ќе поминува низ Берово, Делчево, и Струмица како дел од дестинацијата на 20 илјади европјани - велосипедисти кои секоја година ја промовираат пораката против поделбите потсетувајќи на времето кога железната завеса беше спуштена помеѓу Истокот и Западот.

Во источниот регион на Македонија патеката ќе тргне од Беровско езеро на 10 април и ќе заврши во с. Колешино-Струмица. Се очекува да земат учество повеќе велосипедисти кои ќе ја обиколат патеката со велосипеди и ќе бидат дел од  големиот  настан што за првпат тргнува од Берово.Патеката на одредени места е стрмна , но минува преку живописни ридови, со што би се виделе прекрасните природни пејзажи на овој крај. Настнот ќе биде покриен и од повеќе медиуми, кои ќе присуствуваат на самиот чин на отварање на патеката и тргнувањето од Беровско езеро.

На состанокот во Берово  помеѓу Општината и претседателот на Центарот на Источниот планскиот регион и други претставници се договорија главните и начелни подготовки што треба да ги преземе општина Берово за организирањето на настанот.

Целта на Патеката на железната завеса е да ги поврзува луѓето, народите од Европа. Ќе тргне од Баренцово Море, а ќе завршува во топлиот југ во Турција минува низ повеќе држави во Европа. Целта е да се вклучи и Македонија во овој меѓународен проект и патеката да минува низ Македонија. Овој проект е резултат на ангажманите на Центарот за развој на Брегалничкиот регион , во соработка со Програмата на Германската техничка соработка за регионален економски развој и Германската амбасада.

Ова е одлична можност за да го промовираме овој регион пред нашите пријатели од Европа и нашиот ангажман се состои точно во делот на промоција на екотуризмот и да можат да се видат потенцијалите за алтернативен туризам во регионот. Започнуваме со симпозиум во септември кога ќе биде и присутен г-нот Крамер, од Партијата на зелените од Германија, рече Зуица Филипова координатор во Центарот.
Инаку, Центарот за Источен плански регион е еден од првите формирани Центри во Македонија од планираните 8.Според првите луѓе на Центарот, проблемот со инфраструктурата и понатаму останува проблем број еден на жителите од 11-те општини  кои гравитираат во Брегалничкиот регион.

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии