Насловна Актуелно Вести Федерацијата на фармери на РМ на средба со малешевските земјоделци

Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

Федерацијата на фармери на РМ на средба со малешевските земјоделци

 

Во организација на Федерацијата на фармери на РМ  и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието, во просториите на општина Берово се  одржа предавање на тема „Инвестиции во обезбедување на стандарди за безбедност на храна“.

На земјоделците од малешевскиот регион  им беа презентирани стандардите за безбедност на храна кои се во согласност со новиот Закон за безбедност на храна.

Предавачите од Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделието на присутните најмногу го задржаа вниманието на  стандардите GAP, EUROGAP I HASSAP. На производителите на овчо сирење им беше презентиран новиот Правилник за условите  и опремата во објектите, кои произведуваат храна со традиционални карактеристики-сирење добиено млеко од овци и кози“.

Накратко се навратија и ги разгледаа  актуелните програми во земјоделието-ИПАРД и  Програмата за рурален развој и опфатот на инвестиции во нив-инвестиции во пари, во фарма, стока, земјиште, инвестиции во обука и надградба на знаењето во земјоделието.

Земјоделците мора да ги следат правилниците за безбедност на  храната и нејзиниот квалитет, кој се исти и ги почитуваат земјоделците на сите земји членки на ЕУ.

Македонското земјоделие ги следи европските регулативи и новитети во земјоделието и ги вградува во нашите закони и земјоделски практики.

За традиционално производство  од млеко во финално производство-сирење и кашкавал  треба да се следи посебен правилник за објекти за традиционално производство. Тој правилник најмногу одговара и е олеснителна околност за малешевските сточари - рекоа од Агенцијата  за поттикнување на развојот на земјоделието. Меѓутоа сите што ќе се определат да го следат традиционалното производство мора да го следат овој правилник , без да експирементираа со нови видови на производи. На тие производи треба да има посебни етикети за традиционален производ.  Објектот треба да биде во рурална средина  и оној што го произведува сирењето треба да има санитарен картон .

Земјоделците се интересираат што ќе се прави со оние што нема да се придржуваат до стандардите и не го применуваат правилникот и законот за безбедност  на храната.  Од агенцијата им  дадоа до знаење на земјоделците дека инспекциските контроли ќе бидат зајакнати во секој домен од контрола на фармите, до производство на артиклите, возилото со кое се дистрибуираа до пазарите да биде опремено   според ХАССАП –системот. Пртоизводството, дистрибуцијата и пазарите мора да бидат по ХАССАП стандардите.

 

 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии