Топло добредојде! Градоначалник на општина Берово Звонко Пекевски...

images/stories/evn.jpg

Утре ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во од населените места во Општина Берово

Врз основа на добиеното известување од ЕВН Македонија, Регионалниот центар за управување со кризи Берово ги известува граѓаните на општината Берово дека поради зафати во дистрибутивната мрежа на ден 14.11.2019 година во времето од 09,35 до 14,30 часот без напојување со ел.енергија ќе останат корисниците на с.Двориште, викенд населбите Суви Лаки и Бела Вода.

Повеќе...
 
images/stories/2019/forum2019/dsc_0536.jpg

Успешно реализирана првата форумска сесија во Општина Берово, младите најкреативни во давањето предлози

 

Во Бизнис инкубаторот во Берово, вчера, се одржа првата форумска сесија, која Општина Берово ја организира со цел граѓаните да се вклучат во креирањето на Буџетот на Општина Берово, со своите предлози и идеи.

Повеќе...
 
images/stories/2019/1kojovalivada/dsc_0511.jpg

Калта од ул.,,Којова Ливада”, во Берово, заминува во историјата

 

Калта од ул.,,Којова Ливада”, во Берово, конечно се заменува со асфалт.

Во рамките на активностите на Општина Берово од Прогрмата за изградба на улици и патишта, денеска започна да се асфалтира улицата, во должина од 380 метри и 3,5 метри широчина.

Повеќе...
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЕМЕН ДЕН НА НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ

Се известуваат, граѓаните на Општина Берово, дека на ден 14.11.2019 година (четврток) од 10 до 14 часот , Народниот првобранител ќе има приемен ден во поранешната зграда на УЈП Берово.

Повеќе...
 
images/stories/2019/bidiheroj/dsc_0484.jpg

“Биди неговиот херој”- едукативна работилница за домашните миленици во Берово

 

Третоодделенците од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски” од Берово, денеска беа дел од едукативна работилница за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”, која Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, партнерски ја реализираат во рамки на четвртата фаза од регионалната кампања на Светската организација за задравствена заштита на животните – ОИЕ.

Повеќе...
 
images/stories/2019/npr/dsc_0499.jpg

Градоначалниот Пекевски, во работна посета на ООУ,,Никола Петров Русински” во с. Русиново

Во рамките на активностите на Општина Берово, за подобрување на условите за учење на учениците и навремено планирање на Буџетот за 2020, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска беше во работна посета на ООУ,,Никола Петров Русински” во с. Русиново.

Повеќе...
 
images/stories/2019/prohor/dsc_0494.jpg

Започнаа активностите на Општина Берово за изградба на улица ,,Прохор Пчињски”

Во рамките на активностите на Општина Берово за подбрување на условите за живот на граѓаните од Ромска националност, започна изградбата на улица ,,Прохор Пчињски”-прва фаза.

Повеќе...
 

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и одржување на јавна расправа за документот “План за за управување со животната средина и социјалните аспекти” во рамки на Проектот за локални патишта за поврзување во Република Северна Македонија

 

Во рамки на “Проектот за локални патишта за поврзување во Република Северна Македонија” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура Општина Берово аплицираше со проект за реконструкција на улици во село Двориште. Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Повеќе...
 

ОТЧЕТ на градоначалалникот на Општина Берово 2017-2019

Органи во состав на ЕЛС Општина Берово

 

Буџет на Општина Берово 2018

 

 

Анализа на состојбите во социјалната заштита и социјалното вклучување на локално нивоПолитичко акциона и правна рамка за човекови права Како локалниот развој да има влијание на ситеУПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ КОИ ВО  РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА СЕ ГРАДАТ НА ГРАДЕЖНО  ЗЕМЈИШТЕ ЗА КОЕ Е ДОНЕСЕНА УРБАНИСТИЧКО-ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Стратегии