Градоначалникот Пекевски, упати честитка по повод 8 Март до сите жени

Почитувани,
 
На овој посебен ден за Вас, Ви упатувам најискрени честитки по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март.
Од срце ви посакувам, да сте среќни, не само денес, туку секој ден во годината, да Ви биде исполнет со љубов, хармонија и самодоверба.
Бидете горди што сте жени и продолжете да се борите за поголеми политички, економски и социјални права и поголемо учество во општествениот живот.
Со желба и натаму безусловно, жените да се залагаат за остварување на основните човекови права и да ја унапредуваат својата материјално- социјална положба, како и да работат во здрави и безбедни услови за работа, на сите жени, Ви го честитам 8 март и Ви поскаувам добро здравје и многу успех.
Горе