Градоначалникот Пекевски оствари средба со Советникот за решавање на правни прашања и постапки Аксел Ахмедовски

Приоритетите на Ромската заедница, како и подобрувањето на животот на ранливите категории граѓани, беа темите на разговор,  на средбата која што ја остварија  Советникот на Премиерот, за решавање на правни прашања и постапки, Аксел Ахмедовски и Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во неговиот кабиниет.

На средбата, беше разговарано  за проектите кои се реализирани изминатиот период, проектите кои се во тек и проекти кои е планирано во иднина да бидат реализирани.

Притоа, утврдени се одредени приоритети,  кои во престојниот период ќе бидат реализирани.

Градоначалникот Пекевски истакна дека изминатиот период се реализирани голем број на проекти за подобрување на животот на граѓаните од ромска националност во Берово, а престојниот период започнува имплементацијата на поголем проект, финансиран со европски средства, кој ќе го подобри квалитетот на живот на ромската заедница во Берово, од сите аспекти.

Горе