Градоначалникот Пекевски оствари средба со сликарот Казим Дрекович

Вчера, градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во својот кабинет, оствари средба со сликарот Казим Дрекович, магистер по сликарство, патник и набљудувач, вработен во културниот центар во Нови Пазар –Србија, како сценограф и фотограф.

На средбата разговараа за културно уметничка соработка, организација на уметничка колонија, на повеќе врвни уметници од цел свет, во духот на малешевските традиционални вредности.

Градоначалникот му се заблагодари на Дрекович, за интересот за развој на културата во Берово, за интересот за соработка и истакна дека општината е расположена да  ги поддржи сите вакви настани, кој ќе допринесат за развој на културата во Берово.

Казим е врвен уметник, кој поминал голем дел од своето детство токму во Берово, а во 1999 година, во Берово поминал и дел од своето образование. Со изработка на врвни реалистички и надреалистички творби се занимава по завршувањето на Академија за ликовна уметност во Сараево во 2013 година. Минатата година во мај , на неговата изложба во Нови пазар, се најдоа голем број на дела, со малешевска архитектура и дух.

Горе