Градоначалникот Пекевски оствари средба со Претставници од Здружението „Khronos” од Република Унгарија

Во рамките на активностите на општина Берово, од областа на животната средина, денеска, претставници од Здружението „Khronos“ од Република Унгарија заедно со претставници од Центарот за развој на  Источно-плански регион, остварија работна средба со градоначалникот на Општина Берово , Звонко Пекевски и проектиниот тим од општината, со цел, презентација и запознавање со приоритетните и планираните проекти, од областа на животната средина.

Разговарано е за идни проекти, кои ќе се рализираат низ дологогодишна соработка, а  од исттите бенефит ќе има општината, но и приватниот сектор.

Исто така, како тема на состанокот, беше и можноста за пошумување на опожарените терени, можностите за пречистување на отпадните води, во населените места и општините од регионот, брендирање на еколошки производи и поддршка на органското производство, по кое Берово и источниот регион се препознаени во земјата и пошироко, можноста за изработка на студии и искористување на потенцијалите на регионот,  од економски, еколошки и земјоделски аспект.

Во следниот период ќе се направат предлог проекти и разработени концепти со кои ќе се аплицира до европските фондови.

Како што беше истакнато на средбата, Здружението „Khronos“ планира да отвори канцеларија во Република Северна Македонија, преку која ќе поддржува проекти за развој на општините и Источниот плански регион.

Здружението е веќе присутно во Србија,Црна Гора и Хрватска, а се работи за Програма која ќе опфаќа пред сè инвестициски и големи проекти (со минимална вредност од 400 000 евра) од областа на животната средина.

Проектите ќе бидат поддржани од LIFE фондот на Европската Унија.

Горе