Градоначалникот Пекевски оствари состанок со џамискиот одбор

Во рамките на активностите на Градоначалникот на Оптина Берово, за истскнување на приоритети за решавање на проблемите на граѓаните, вчера, Градоначалникот Пекевски, оствари средба со џамискиот одбор во Берово, на џамијата ,,Мухамед-бег”.

На состанокот беше разговарано за решавање на инфраструктурата на муслиманските гробишта, со уредување на просторот, со изградба на патека, поставување на бехатон плочки и оградување  и за разни други тековни прашања и проблеми кои се во надлежност на општината.

Градоначалникот Пекевски истакна дека Општина Берово, стои на располагање со расположливите ресурси, за поддршка во  решавање на проблемите на сите граѓани и се трудиме да излеземе во пресрет на секој, доколку проблемот е  во рамките на надлежностите на општината.

Горе