Економски советници во посета на Берово

Во рамките на информативната тура, за запознавање со можностите и капацитетите за инвестициии, извоз и туристичка понуда на РС Македонија, вчера, во големата сала на Општина Берово, Градоначалникот Пекевски, претставници од општинската администрација и бизнис секторот, остварија средба со претставници од Министерство за надворешни работи.
Целта на посетата беше запознавање на Берово, како туристичко место, како и запознавање на туристичките и инвестициските потенцијали на општината.
Денеска остваривме средба со претставници од Министерството за надворешни работи, со цел да се продлабочи соработката меѓу Општина Берово и Министерството, да се презентираат потенцијалите на Берово, за инвестиции и развој, особено во делот на туризмот. Се надевам дека го запознаа Берово, со сите негови потенцијали и очекувам дека соработката понатаму ќе продолжи, во насока на развој на туризмот во општина Берово и нови инвестиции- истакна Градоначалникот Пекевски.
Можностите за развој и инвестиции на општината , трите индустриски зони , од кои една мало и лесно стопанство , градска зона и слободната економска зона, беа презентирани од страна на Раководителот на Одделението за ЛЕР при општина Берово, Ѓорѓи Пеовски, со посебен акцент на туризмот како стратешка гранка а исто така неизоставен дел од презентацијата беа и традиционалната храна, земјоделските производи и еколошки недопрената природа.
Целта на ваквите средби, е остварување на директни средби на економски советници со претставници на локалната самоуправа и стопанственици, при што, економските советници кои ќе бидат на мисија во Анкара, Абу Даби, Варшава и Минхен ќе се запознаат со потенцијалите на општините.
Во рамките на средбата компанијата ,,Агромах” од Берово изрази интерес, за натамошна соработка преку економскиот советник од Турција во Анкара.
Горе