Продолжува спроведувањето на мерките за заштита на населението од КОВИД 19.
Во рамки на активностите на Општина Берово, за превенција од КОВИД 19, во насока на заштита на здравјето на граѓаните, од целата територија на општината, денеска е спроведена акција за дезинфекција на населените места, во Општина Берово.
Акцијата ја спроведоа екипи од територијалната противпожарна единица од Берово, а дезинфицирани се улиците во селата: Смојмирово, Мачево, Будинарци, Митрашинци, Владиморово и Русиново.
Акцијата ќе продолжи во с. Двориште и с. Ратево.
Изминатиот период, општината превзеде низа мерки за заштита и превенција на населението, а со вакви акции ќе се продолжи и во периодот кој следи.