Детската градинка ,,23Август” во Берово ќе добие 4 нови занимални

Во рамките на проект,,Зајакнување на општинските совети” , во завршна фаза е доградбата на детската градинка ,,23Август”, во Берово, со што истата , ќе ги добие потребните капацитети и ќе биде проширена со 4 нови занимални.
Децата од предшколска возраст, во Берово, ќе добијат ново катче, каде ќе можат да уживаат, да учат и да се едуцираат, по сите модерни и современи стандарди.
Овој проект, е избран како приоритет на партиципативен начин, преку одржаните форуми во заедницата, при што граѓаните, со мнозинство гласови, донесоа одлука да биде реализиран.
Со реализацијата на овој проект, Општина Берово, уште еднаш докажа дека се грижи за сите свои граѓани, почнувајќи уште од најмала возраст.
Вкупната вредност на проектот е 4.453.419,00 денари, од кои 2.699.495,00 се обезбедени преку Проектот,,Зајакнување на ооштинските совети”, од Швајцарската агенција за развој и соработка, преку УНДП, а останатите 1. 695.730,00 денари, се обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2021 година.
Горе