Денеска во с. Двориште, градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, заедно со Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, го отворија Центарот за ран детски развој, односно детска градинка во с. Двориште.
Овој проект, многу често, е поставуван како приоритет на жителите на с. Двориште, на сите средби и состаноци и конечно после сите направени напори, во завршна фаза се активностите и истиот наскоро ќе започне со работа.
С. Двориште има постојан позитивен природен прираст на населението и навистина заслужува да има градинка, каде што децата пред поаѓање на училиште ќе можат да бидат згрижени.
Изминатиот период интензивно работевме како на опремување, така и на исполнување на сите нормативни рамки за почеток за работа. Приликата ќе ја искористам да се заблагодарам на Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, за беспрекорниот труд и соработка, истиот да биде отворен и до Директорката на Детската градинка, Невенка Таковска, за вложениот труд, ова денес да биде реалност-истакна градоначалникот Пекевски.
Се надевам дека жителите ќе бидат задоволни, што во с. Двориште, за првпат, годинава, ќе се одвива и воспитно образовна програма, за деца од предучилишна возраст.
Се надевам дека ќе имаме успешна работа во центарот за ран детски развој и дека ќе има многу дечиња кои ќе го посетуваат центарот и многу задоволни родители, кои ќе имаат можност да работат и да придонесуваат во семејниот буџет и во подобрувањето на квалитетот на живот.
Исто така сакам да упатам благодарност до Министерството за труд и социјална политика, за беспрекорната соработка, центарот за ран детски развој во с. Двориште, да биде реалност-додаде Пекевски.
Навистина ми причинува задоволство во населеното место Дворште, каде што денес почнува со работа Центарот за ран детски развој , каде што дечињата од с. Двориште ќе се стекнуваат со нови знаења и вештини и истовремено ќе се дружат низ песна и игра и ќе се подготвуваат во училишниот процес- истакна Министерката Тренчевска.
Ни претставува особено задоволство, на нас вработените во детската градинка ,,23 Август”, на жителите на с. Двориште, што денеска е тука Министерката за труд и социјална политика, да го отвори Центарот за ран детски развој во с. Двориште.
Денешниот ден е посебен ден за родителите, бабите и дедовците на децата, бидејќи селото до сега нема градинка. Денеска имавме прилика да видиме многу детски насмевки и самите деца учествуваа во подготовката за адаптација на објектот.
Благодарност до градоначалникот на Општина Берово, што ја пооддржа оваа иницијатива и денеска ни се оствари отварањето на центарот.
Посакувам многу среќа, здравје на дечињата, многу успех, добра соработка да имаат со учителката, убаво да го поминуваат времето-истакна Директорката на детската градинка ,,23 Август”, Невенка Таковска.
Работиме и вложуваме во сите сфери од општественото живеење, а јас како Градоначалник на Општина Берово, особено сум горд, кога се работи на проекти за децата, затоа што тие се нашата иднина и затоа што заслужуваат да имаат среќно и безгрижно детство и се што им е потребно за раст и развој.