Делегација од општина Берово, присуствува на одбележување на денот на општина Брус

На покана од Општина Брус, делегација од Општина Берово, предводена од градоначалникот Пекевски, присуствува на одбележување на денот на општина Брус.

Делегацијата од Берово, беше пригодно пречекана од Претседателот на Општина Брус, Далибор Савиќ.

Во рамките на програмата,  имаа  можност да уживаат во богатата културно уметничка и спортска програма.

Членовите на нашето културно уметничко друштво ,,Димитар Беровски”, под раководство на етнокореографот Методи Скендерски, се амбасадори на музиката и културата и синоќа имаа спектакуларен настап пред  публиката во Брус.

Пријателството со Брус, со години го негуваме и прославуваме, со што ја продлабочуваме културната соработка, градиме трајни пријателства и безброј убави спомени.

Горе